Кејт вози трактор и си игра со децата, кралицата насмеана – кралското семејство се врати на должности по смртта на Филип (фото+видео)
- Детали
- среда, 28 април 2021
Недела полна со настани за Вилијам и Кејт – по роденденот на синчето Луи, кралскиот пар прошета низ англиските села, а наскоро се подготвуваат и за роденденот на ќерката, но и нивната годишнина. Елизабета, пак, им се враќа на должностите по смртта на принцот Филип и веќе одржа неколку виртуелни состаноци со амбасадорите во Англија.
Со намалувањето на рестриктивните мерки во Британија, Кејт и Вилијам решија да прошетаат низ англиските села. Ова е првпат Кејт и Вилијам да го напуштат Лондон после 4 месеци, а и едно од нивните први појавувања во јавност по смртта на принцот Филип.
Кралскиот пар посети фарма во село во Англија, а според фотките и видеата, очигледно се забавувале – шетаат низ фармата, си играат со дечињата и животните, а во еден момент Кејт возеше и трактор.
Војвотката од Кембриџ изгледаше беспрекорно, како и секогаш, а за пригодната одбрала чизми за кои е познато дека ги има скоро две децении. 39-годишната Кејт е фотографирана со истите чизми многупати претходно, а наводно ги купила за околу 470 долари, пред 17 години.
Изгледа Вилијам и Кејт имаат многу поводи за прослава деновиве – тие го прославија и третиот роденден на синчето Луи, а наскоро, на 2-ри мај, ќе го прослават и 6-иот роденден на ќерката Шарлот, како и нивната годишнина.
Постепено и кралицата Елизабета им се враќа на своите должности, иако за неа уште трае периодот на жалост за смртта на принцот Филип.
Деновиве таа одржа неколку виртуелни состаноци со амбасадорите во Англија, а на фотката споделена на официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство има широка насмевка и изгледа одлично.
Спирова С. | Црнобело