„Ти никогаш нема да чекориш сама“: Како кралицата Елизабета ќе им се врати на кралските обврски, по смртта на принцот Филип?
- Детали
- вторник, 13 април 2021
Таа остана сама по неверојатни 73 години брак и повеќе ништо не е исто. Сепак, ја има поддршката и моќните зборови: „Ти никогаш нема да чекориш сама“...
Кралицата Елизабета го изгуби сопругот по 73 години брак, но наскоро таа ќе треба да им се врати на кралските обврски. Како ќе изгледа тоа, без принцот Филип покрај неа?
Кралицата изјави дека смртта на Филип оставила огромна празнина во нејзиниот живот, но дека таа ќе се врати на исполнување на своите обврски откако ќе поминат двете седмици на официјално жалење по него, на 22-ри април.
Таа нема да биде оставена сама на себе, туку сениорите од кралското семејство ќе ја придружуваат на настаните. Односно, кралицата секогаш ќе ја придружува најмалку еден постар припадник на кралското семејство.
Со неа ќе бидат видени принцот од Велс (Чарлс), Војвотката од Корнвел (Камила), Војводата и Војвотката од Кембриџ (Вилијам и Кејт), Грофот и Грофицата на Весекс (Едвард и Софија) и принцезата Ана.
Вистината е дека кралицата одела соло на многу должности и пред и по официјалното пензионирање на нејзиниот сопруг во 2017 година, но јасно е зошто има загриженост за неа во иднина и зошто ќе ѝ биде потребна поддршка од синот Чарлс, внукот Вилијам и другите членови на кралското семејство.
Прочитајте и Мигот кога 13-годишната принцеза Елизабета се вљубила во Филип (19) и не погледнала друг маж оттогаш (фото)
С. С. | Црнобело