Принцот Вилијам прогласен за најсекси ќелав маж, твитерџиите не се согласуваат
- Детали
- понеделник, 29 март 2021
Принцот Вилијам е прогласен за најсекси ќелав маж според резултатите од истражување спроведно од клиника за козметичка хирургија. Принцот бил опишан како „секси“ во 17,6 милиони објави од блогови и веб-сајтови, и ги победи ѕвездите како Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам.
Според истражување кое го сподели The Sun, принцот Вилијам е најсекси ќелав маж на светот. Во истражувањето мажите биле рангирани според тоа колку пати се појавува нивното име во блогови, извештаи и разни објави од веб-сајтови, откако ќе ги пребарате на Гугл.
Според истражувањето, спроведено од клиника за козметичка хирургија, принцот Вилијам бил опишан како „секси“ во околу 17,6 милиони блогови, веб-сајтови и слично, со тоа станувајќи најсекси ќелав маж.
Покрај Вилијам, во првите пет мажи на листата се наоѓаат Мајк Тајсон, Џејсон Стејтам, Питбул и Мајкл Џордан. На листата се нашле и Двејн Џонсон, Брус Вилис, Вин Дизел, па дури и рускиот претседател Владимир Путин, кој за само неколку поени не завршил во првите 10.
„Има малку ќелави мажи во светот на шоу-бизнисот“, изјавиле од клиниката што го спроведе истражувањето, па веројатно затоа и го направиле.
Твитерџиите веднаш се огласија во врска со истражувањето и додека некои се согласуваат со резултатите, повеќето велат дека оваа титула дефинитивно му припаѓа на актерот Стенли Тучи.
Некои од нив прокоментираа и дека принцот Вилијам сигурно „замешал прсти“ во резултатите бидејќи е далеку од најсекси ќелав маж.
Истражувањето го сподели и Двејн Џонсон кој, пак, на шега изјави дека на листата заслужува да се најде и комичарот Лери Дејвид.
10-те најсекси ќелави мажи според истражувањето:
1. Принцот Вилијам
2. Мајк Тајсон
3. Џејсон Стејтам
4. Питбул
5. Мајкл Џордан
6. Флојд Мејведер
7. Џон Траволта
8. Брус Вилис
9. Двејн Џонсон
10. Вин Дизел
Спирова С. | Црнобело