„Си го мразев моето огромно чело“ - Девојка со операција си го намалила челото за 3cm
- Детали
- понеделник, 15 март 2021
Девојките низ светот сѐ почесто одат во крајност поради стремежот за совршен изглед. Камила потрошила речиси 6.000 евра на операција за намалување на челото.
Камила Колман Брук (26) од Северна Каролина со години имала комплекс дека челото ѝ е преголемо и го криела со шишки.
Таа потрошила речиси 6.000 евра за да си направи операција за намалување на челото, односно да ја помести линијата на косата за 3 сантиметри понапред.
Камила, која е мајка на 2 деца, вели дека операцијата траела 2 ипол часа и дека сѐ уште има лузни кои закрепнуваат.
Вели дека операцијата ја направила поради себе за да не ја мачи мислата колку ѝ е големо челото секојпат кога ќе се погледне во огледало. „Сакав само моето лице да изгледа пропорционално“, вели таа.
Многу луѓе го коментираат негативно нејзиниот потег, но таа вели дека станува збор за нејзино лице и тело и ќе прави што сака.
Дали овој потег е навистина претеран, проценете сами:
https://www.instagram.com/p/CMXxtNXnOT-/
https://www.instagram.com/p/CMQM6IqnpoH/
С. С. | Црнобело