„Имав операција за намалување на градите, но пак ми пораснаа по 8 години“ – јога инструкторка со необично тврдење

„Цела бев во завои и не можев да ги кренам рацете неколку недели. Бев неколку дена во болница, а потоа лежев постојано“ – раскажува британската јога инструкторка, која 8 години по првата операција за намалување на градите, морала да оди на втора операција.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-01.jpg

Јога инструкторката Ехо Елиот на својот Инстаграм профил споделува фотографии и видеа од јога позите што редовно ги прави, но во последните неколку месеци зборува и за закрепнувањето по операцијата за намалување на градите што ја направила во август, минатата година.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-02.jpg

Ехо раскажува дека кога имала 21 година, веќе била на една операција за намалување на градите на возраст од 21 година, но сега, по 8 години, морала да оди на уште една, затоа што градите сами ѝ пораснале.

Таа вели дека по првата операција се чувствувала „преродено“ затоа што се ослободила од телесните тешкотии, но и од злобните коментари на мажите и на жените кои правеле да се чувствува непријатно во сопствената кожа.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-03.jpg

Операцијата траела шест часа и закрепнувањето било мошне тешко, раскажува Ехо.

„Цела бев во завои и не можев да ги кренам рацете неколку недели.

Неколку дена бев во болница, а потоа лежев постојано.

Во тоа време живеев со партнерот и ако се возевме некаде, чувствував болки при секоја дупка на патот.

Исто така имав проблеми со една од брадавиците, заради што често морав да одам во болница. Кога се намали отокот, можев да носам градник со D корпа, но се чувствував ситно“ – вели таа.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-05.jpg

По првата операција, Ехо дала сѐ од себе за да стане инструкторка по јога, но вели дека по неколку години забележала како градите ѝ станале поголеми од кога било.

Минатата година таа закажала уште една операција за намалување на градите, но овој пат во Литванија.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-04.jpg

Таа сега вели дека сака да им укаже на жените да знаат дека операцијата за намалување на градите може да им го промени животот, но дека честопати не мора да значи дека по првата операција, ќе се спасат од проблемот.

„Сакам да укажам на проблемите со коишто се соочуваат жените што имаат големи гради.

Имам ученички што имаат големи гради и размислуваат за операција за намалување. За мене е прекрасно чувството кога се будам и немам болки, но преплашена сум дека може повторно да ми пораснат“ – вели таа.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-06.jpg

Засега нема објаснување зошто нејзините гради пораснале по првата операција, а пластичниот хирург Реика Тагизадех за Daily Mail вели:

„Ваквите случаи се многу ретки. Многу е веројатно дел од ткивото да останало по првата операција и да пораснало, но не се знае зошто.

Многу е веројатно бременоста, зголемувањето на телесната тежина или менопаузата да влијаат врз нивото на хормоните и како резултат на тоа да предизвикаат зголемување на градите“.

imav-operacija-za-namaluvanje-na-gradite-no-pak-mi-porasnaa-po-8-godini-joga-instruktorka-so-neobichno-tvrdenje-08.jpg

Ехо, пак, вели дека е пресреќна по новата операција затоа што повеќе нема да ја нарекуваат „Ехо со големите гради“.

„Нема да зборувате за друг дел на телото така. Имам и долга коса, но никој не ме нарекуваше ‘Ехо со долгата коса’“ – вели таа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg