„Депресијата ѝ е изговор“ – Полусестрата на Меган Маркл тврди дека таа кажува лаги во интервјуто со Опра
- Детали
- вторник, 09 март 2021
После ексклузивното интервју на Меган и Хари, се огласи полусестрата на Меган која тврди дека Меган кажува лаги и ја користи депресијата како изговор за нејзиниот ужасен однос кон луѓето.
Во интервјуто со Опра, Меган Маркл ја спомна нејзината полусестра – 56-годишната Саманта која сега вели дека Меган кажувала само лаги.
Саманта изјави дека Меган ја искривува вистината, но и дека ја искористила депресијата како изговор за нејзиното лошо однесување со луѓето.
Во интервјуто, Меган изјави дека била одгледана како дете единец, а поради тоа Саманта воопшто не ја познава.
„Не знам како може да рече дека не ја познавам и дека била одгледана како дете единец. Имаме многу фотографии од нашиот заеднички живот. Како може да не ме знае?“, изјави Саманта во интервју за Inside Edition.
Полусестрата на Меган сподели и фотографии од нив двете, од кои најновата е од 2008-ма година. Меган, од друга страна, тврди дека ја нема видено Саманта речиси две децении.
Саманта и Меган имаат ист татко, а Меган изјави дека нејзината полусестра почнала да го користи презимето Маркл дури откако таа се венчала со Хари. Саманта вели дека и ова се лаги.
„Јас бев Маркл пред неа. Мислев дека е чудно што кажа дека си го променив презимето во Маркл кога таа го запозна Хари. Моето презиме отсекогаш било Маркл“.
Саманта покажа уште еден доказ за нејзиното тврдење – факултетска диплома од 1997-ма, каде што е потпишана како Саманта М. Маркл.
И за изјавата на Меган дека има депресија, Саманта вели дека најверојатно е лага.
„Депресијата не е изговор да ги третирате луѓето како партали и потоа да се ослободите од нив“.
Саманта има издадено автобиографија, насловена „The Diary of Princess Pushy’s Sister: A Memoir, Part One“, во која детално го опишува нејзиното детство поминато со Меган. Сепак, во интервјуто со Опра, Меган тврди дека таа и Саманта никогаш не биле блиски и дека денес двете не се познаваат добро, без разлика на нејзините тврдења во книгата.
Токму поради тоа, Меган одби да зборува повеќе за нејзината полусестра:
„Не ми е пријатно да зборувам со луѓе кои не ги познавам толку добро. Јас пораснав како дете единец, а сите кои ме знаат од детството, знаат за тоа“.
Потсетете се и на Како семејството на Меган Маркл може да остави темна дамка на кралската свадба?
Спирова С. | Црнобело