Сам платил $7 милиони за шоуто – спектакуларниот настап на The Weeknd на Super Bowl + реакциите на твитерџиите

И годинава се одржа познатиот американски спортски настан Super Bowl, а поради пандемијата, поголемиот дел од стадионот беше исполнет со „публика“ од картонски исечоци. За полувремето, пак, настапи познатиот пејач The Weeknd кој им приреди незаборавно шоу на гледачите.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-01.jpg

Во неделата, 7-ми февруари, се одржа најголемиот американски спортски настан – Super Bowl – а на полувремето настапи The Weeknd.

Познатиот музичар, чие вистинско име е Абел Тесфаје, се погрижил ова да биде еден од најспектакуларните настапи на полувремето на Super Bowl, a за неговото шоу, самиот инвестирал дури 7 милиони долари.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-05.jpg

Облечен во црни панталони и кошула, во комбинација со црвено светкаво сако, The Weeknd се појави на сцената во кабриолет автомобил, го почна настапот со хитот Starboy, а веднаш потоа ја изведе The Hills.

Подоцна му се придружија и танчари со маски, облечени исто како него, а за изведбата на Blinding Lights, почнаа да играат и теренот.

Целиот настап на The Weeknd беше придружен со огномети, неверојатни светлосни ефекти и забавни проекции, а сцената наликуваше на ретро музички спот. Пејачот го заврши настапот со Blinding Lights, a дотогаш, сите гледачи кои го следеа натпреварот во живо веќе беа станати на нозе.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-02.jpg

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-06.jpg

Публиката на натпреварот ја сочинуваа 7.500 вакцинирани здравствени работници и околу 22.000 фанови, а за да се пополнат празните столчиња, организаторите ставиле околу 30.000 картонски исечоци.

Бидејќи исечоците премногу наликуваат на луѓе, на почетокот од натпреварот многу луѓе реагираа на Твитер за „преполниот стадион“ и прекршувањево на мерките.

Сепак, набрзо сите сфатија дека публиката ја сочинуваат многу мал број „вистински“ луѓе. Односно, ова е најмалата публика што е забележана во стадионот.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-08.jpg

Како што кажавме, натпреварот во живо го гледаа само 22.000 фанови, а 7.500 влезници им беа доделени на вакцинирани здравствени работници во знак на благодарност.

Во публиката имаше и уште 3.000 спортисти и луѓе кои биле дел од организацијата на целиот настан.

Инаку, на стадионот има место за публика од 65.890 гледачи.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-09.jpg

Кратко пред настапот на полувремето, The Weeknd сподели дека било вистински предизвик да се организира шоуто.

„Поради пандемијата и безбедноста на играчите и вработените, направивме сцена во стадионот, а го користевме и теренот“, изјави тој.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-04.jpg

Целиот настап го организирале во само шест месеци, преку многу мејлови и Zoom повици. Пејачот бил свесен дека фановите ќе следат пренос од настапот, па најважно му било шоуто да изгледа добро и на телевизија.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-03.jpg

Очигледно, пејачот одлично си ја заврши работата, а тоа го докажуваат и бројните реакции на Твитер:

„Ова беше неверојатно полувреме и морам да излезам во дискотека и да танцувам на песните на The Weekend секоја вечер во текот на 2022-ра. Мислам, тоа беше брилијантно“.

„Ова полувреме на Super Bowl ми ја разгоре желбата повторно да одам на концерти“.

sam-platil-7-milioni-za-shouto-spektakularniot-nastap-na-the-weekend-na-super-bowl-reakciite-na-tviterdzhiite-07.jpg

Се разбира, ништо не поминува без шегите на твитерџиите. Многумина на шега го споредија пејачот со Џеј Ло, а некои веќе направија мемиња од настапот.

„Не сакам да судам, но ако не носи бикини со светки и не танцува на огромна шипка, дали воопшто настапувал на полувремето?“

„Јас кога ќе ја изгубев мама во супермаркет кога имав 10 години“

„Никој:

Танчарите на The Weeknd: “

„Сладок е, но …“

Целиот настап можете да го погледнете во продолжение:

Минатата година, Шакира и Џенифер Лопез станаа првите изведувачи со латинско-американско потекло кои настапувале на полувремето.

Претходно, во 2019-та, настапуваше групата Maroon 5, а во 2018-та публиката ја забавуваше Џастин Тимберлејк.

Погледнете и Кога ќе се сетите дека Џеј Ло има 50 години – шокираните реакции по настапот на шипка на SuperBowl

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Моменти што го одбележаа Super Bowl 2024 + најсмешните мемиња за натпреварот (фото+видео) Тејлор Свифт привлече повеќе внимание од дечко ѝ кој играше на натпреварот (и не...
Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал н... Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg