Моменти што го одбележаа Super Bowl 2024 + најсмешните мемиња за натпреварот (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 12 февруари 2024
Тејлор Свифт привлече повеќе внимание од дечко ѝ кој играше на натпреварот (и неговиот тим победи), а настапот на Ашер инспирира многу мемиња – како помина Super Bowl 2024?
Синоќа (11.02) се одржа Super Bowl – најпопуларниот спортски настан во САД.
Иако станува збор за натпревар во рагби, настанот привлекувам многу внимание бидејќи на него присуствуваат некои од најпознатите личности во светот, вклучувајќи актери, музичари и спортисти.
Притоа, за полувремето секојпат настапуваат мошне популарни музичари, а нивниот настап неретко е погледан и од самиот натпревар.
Годинава, најголемата ѕвезда која настапуваше на полувремето беше Ашер кој за миг ги врати милениумците во младоста.
На сцената застанаа и Алиша Кис, Lil Jon, Will.i.am, H.E.R., Лудакрис…
Фановите го очекуваа и Џастин Бибер бидејќи има заедничка песна со Ашер, но оваа желба не им се исполни. Па, имаше многу мемиња и шеги за ова.
Дел од моментите што го одбележаа престижниот спортски натпревар:
Тејлор Свифт привлекуваше повеќе внимание од дечко ѝ рагбист, а друштво ѝ правеше Блејк Лајвли
Бен Афлек направи уште една реклама за Dunkin‘ Donuts. Во рекламата, актерот се пријавува на аудиција за нов албум на сопругата Џеј Ло
Пренос на настанот имаше и на телевизијата Nickelodeon од каде што се шегуваа на сметка на сите со забавни специјални ефекти
Помеѓу славните беа и Лана дел Реј, Гвен Стефани со сопругот Блејк Шелтон, Бијонсе со семејството …
И, секако, најважниот момент (барем за фановите на спортот) – на натпреварот победија Kansas Cicty Chiefs.
На следната страница, најсмешните мемиња за настанот…
Би можело да ве интересира:





