Со ролшуи и без маица – Како изгледаше спектакуларниот настап на Ашер на Super Bowl 2024?
- Детали
- понеделник, 12 февруари 2024
Погледнете го спектакуларниот 13-минутен настап на Ашер на Super Bowl 2024 што ги врати милениумците во минатото.
На полувремето на годинешниот Super Bowl што се одржа синоќа (11.02) во Лас Вегас, американскиот музичар Ашер имаше забавен настап на кој му се придружија голем број гости, како Алиша Кис, H.E.R, Лил Џон, Лудакрис и Will.i.am.
Неговиот настап долго ќе се помни, а пејачот успеа сите да ги крене на нозе за време на 13-те минути додека беше на сцената. Тој испеа голем број од своите хитови како: Burn, Confessions, U Don’t Have to Call…
На сцената му се придружија голем број танчари, во најразлични костими, а исто така имаше и цел оркестар за паради.
Сепак, најголемо внимание во целиот настап привлече моментот кога пејачот заедно со танчарите на сцената почна да настапува во ролшуи, а на крајот одлучи и да ја соблече маицата.
Целиот настап на Ашер погледнете го ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело