Настапите на Super Bowl 2018: Пинк ја испеа химната, Џастин Тимберлејк направи 13-минутен спектакл
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2018
52-то издание на Super Bowl во Минеаполис се одржа во неделата на 4-ти февруари, а покрај натпреварот, публиката имаше можност да ужива и во настапите на Пинк и Џастин Тимберлејк.
Пред да започне натпреварот помеѓу Philadelphia Eagles и New England Patriots, поп пејачката Пинк ја изведе националната химна.
И покрај тоа што неделата претходно се борела со грип, сепак таа успешно ја изврши нејзината задача.
Пинк на Инстаграм откри дека чекала да ја пее оваа песна уште од 1991-ва.
„Ова е најголемата чест во мојот живот, да ја пеам оваа песна пред моето семејство, моето воено семејство, мојот татко и брат и маќеа и семејството и светот.“
Погледнете како изгледаше изведба на химната од страна на Пинк (кликнете на линкот за да го видите видеото):
Легендарниот Џастин Тимберлејк пак, направи целосен спектакл и ја „запали“ сцената со неговиот настап на полуфиналето.
Тој го започна настапот со новата песна Filthy, а продолжи со уште неколку негови стари и одлични хитови, кои секако беа пропратени со многу танцување.
Тимберлејк му оддаде почит и на легендарниот Принц, а сцената и публиката беа обоени во виолетово, како и целиот роден град на Принц, Минеаполис.
Погледнете го целосниот 13-минутен настап на Џастин Тимберлејк (кликнете на линкот за да го видите видеото):
Фотки од настапот на легендарните Пинк и Џастин Тимберлејк:
М. М. | Црнобело