Први фотки од инаугурацијата: Бајден и Камала положија заклетва, Мишел Обама – стилска доминација
- Детали
- среда, 20 јануари 2021
Изгласаниот претседател на САД, Џо Бајден и првиот женски потпретседател Камала Харис, ја положија заклетвата во Капитол, првата дама Џил Бајден е елегантна во син аутфит, поранешната прва дама Мишел Обама направи стилска доминација, а Лејди Гага и Џеј Ло имаа музички настап на церемонијата.
Поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон се на листата присутни на инаугурацијата на Џо Бајден, додека пак, Доналд Трамп ја прекрши традицијата и го бојкотираше настанот.
https://www.instagram.com/p/CKRfhhDnMpt/
фото: NY Times
фото: NY Times
На инаугурацијата, Џо Бајден ја положи заклетвата со рака на 100 години стара Библија, која ја држеше неговата сопруга, Џил Бајден.
фото: AP
Со социјална дистанца и драстично помал број на присутни, Џо Бајден беше официјално претставен како претседател на САД, со што стана најстариот претседател во историјата на САД, а Камала Харис, прва жена потпретседател на САД.
фото: Alex Wong/Getty Images
фото: Carolyn Kaster/AP
За церемонијата, првата дама на САД, Џил Бајден, се одлучи за син аутфит со костим и маска, а потпретседателката Харис ја положи заклетвата во виолетов аутфит.
фото: Joe Raedle/Getty Images
фото: Win McNamee/Getty Images
фото: Jim Lo Scalzo/AP
Последната прва дама, Меланија Трамп, не присуствуваше на инаугурацијата на Бајден, а Мишел Обама беше во фокусот на вниманието како поранешна прва дама на САД, во придружба на нејзиниот сопруг, Барак.
Лејди Гага, облечена во балски аутфит ја испеа химната The Star-Spangled Banner за време на церемонијата во Капитол, а Џеј Ло отпеа облечена како снежна кралица.
Следете ја во живо инаугурацијата:
М. М. | Црнобело