Синот кој нема дојдено дома 6 месеци „упадна“ на семејна фотка – реакцијата на мајката е бесценета (видео)
- Детали
- вторник, 15 декември 2020
Ќерките од семејство во Бејрут организираат празнична фотосесија, без синот кој студира во Франција, но тој се појавува изненадно, а реакцијата на мајката, која не може да си поверува на очите кога ќе го види по 6 месеци, е непроценлива.
Пандемијата натера многу семејства да ги поминуваат празниците и значајните моменти од годината одвоено, а кога повторно се обединуваме со саканите, моментот и емоциите се неописливи.
Токму таков момент е прикажан на ова емотивно видео кога синот ќе ја изненади својата мајка со неочекувана посета.
На споделеното видео, семејство од Бејрут се подготвува за празнично селфи покрај елка, но годинава, без нивниот син кој студира во Франција... или барем така мислат родителите.
Мајката, која го нема видено синот половина година, не може да си поверува на очите кога тој ќе се појави зад нив и ќе праша: „Ќе се сликате без мене?“, а таа вели: „Мојот син, мојата љубов, мојот живот“.
Видео полно со измешани емоции, солзи радосници и љубов:
https://www.instagram.com/p/CIyukdXFYyL/
М. М. | Црнобело