Елката во Рокфелер центарот е осветлена – магично заблескаа 50.000 сијалички и Сваровски ѕвездата (видео)
- Детали
- четврток, 03 декември 2020
Има околу 50.000 сијалички во боја на 8-километарски кабел, а врвот го краси Сваровски ѕвезда тешка 40 килограми – елката во њујоршкиот Рокфелер центар е осветлена и изгледа магично.
Секоја година, празничната сезона во Њујорк се означува со осветлување на најпопуларната елка која се поставува во Рокфелер центарот.
Најчесто осветлувањето на елката е проследено со музички перформанси и публика, но оваа година шоуто беше од затворен тип, со посебни протоколи и правила за минување и следење на долгоочекуваниот настан.
Кон средината на ноември, елката беше донесена и поставена во Рокфелер центарот, а на 2-ри декември, елката со 50.000 сијалички во боја на неа заблеска, а дополнително ја краси Сваровски ѕвездата на врвот, направена од 3 милиони кристали во 2018-та година.
Осветлувањето и програмата се емитуваше на национална телевизија, а заради пандемијата и неможноста секој да ужива во атмосферата во живо, на социјалните мрежи секој ден има вклучување во живо оттаму.
Видеа и фотки од осветлувањето на елката во Рокфелер центарот:
https://www.instagram.com/p/CIVd9EnlV2H/
https://www.instagram.com/p/CIVYG07hF96/
М. М. | Црнобело