Некои традиции не се менуваат: Елката од 22 метри пристигна во Рокефелер центарот во Њујорк како донација

Традиционално, и оваа година Рокфелер центарот ја прогласи празничната сезона за отворена со пристигнувањето на новогодишната елка и објавија видео од процесот на пренесување на елката која ќе биде осветлена на 2-ри декември. 

nekoi-tradicii-ne-se-menuvaat-elkata-od-22-metri-pristigna-vo-rokefeler-centarot-vo-njujork-kako-donacija-01.jpg

И во годината која донесе многу предизвици и нѐ спречи да живееме како што сакаме, некои традиции не се менуваат, а една од нив е прогласувањето на божиќната сезона во Њујорк со огромна елка на плоштадот во Рокфелер центарот.

Секоја година, почетокот на празничната сезона во Њујорк го означува пристигнувањето на огромната елка која го краси Рокфелер центарот.

Елката, која претставува симбол на надеж, оваа година е висока речиси 23 метри, а е донација од сопственици на продавница во Онеонта, и од нивниот двор до Менхетн била носена со придружба од полицијата.

„На многу луѓе им е потребна надеж оваа година заради ковид-19, а нас ни беше чест да ја донираме. Со надеж дека ќе донесе радост во животот на луѓето оваа сезона. Не верував дека дрво кое стои во мојот двор може да донесе радост кај толку многу луѓе.“

Новогодишната елка, која секоја година има огромен број сијалички и Сваровски ѕвезда на врвот, ќе биде осветлена на 2-ри декември 2020-та.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
Девојката со најдолги нозе во светот: „Ме споредуваат со чудовишта од хорор филмови, но сакам што су... Мејси Курин е висока 208 сантиметри, а нејзините нозе се долги 1,3 метри. Таа ве...
Позитива на денот – Детенце (13) со Даунов синдром оди на кино со соученици: „Му го разубавија денот... Во вирално ТикТок видео се гледа детенце со Даунов синдром кое радосно чека да п...
Носи чевли со број 46 – Која е Русинката што ги имаше најдолгите нозе во светот? Светлана Панкратова од Русија со години го држеше рекордот за жената со најдолги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg