Носи чевли со број 46 – Која е Русинката што ги имаше најдолгите нозе во светот?
- Детали
- сабота, 13 јануари 2024
Светлана Панкратова од Русија со години го држеше рекордот за жената со најдолги нозе во светот - нејзините нозе се долу дури 132 сантиметри, а нови носи чевли со број 46. Таа ја изгуби титулата од друга Русинка чии нозе се долги 134 сантиметри.
Светлана Панкратова во јавноста стана позната откако беа објавени уникатните фотографии направени на лондонскиот плоштад Трафалгар со најнискиот човек на светот (74 cm), Кинезот Хе Пингпинг кој за жал почина во 2010 година.
52-годишната Светлана Панкратова е жената која влезе во Гинисовата книга на рекорди поради нејзините нозе долги неверојатни 132 сантиметри.
Секако со долги нозе доаѓаат и големи стапала, па Светлана носи чевли број 46.
Родена е во Русија, Волгоград во 1971 година.
Светлана вели дека во тинејџерските години многу врсници ѝ се потсмевале поради долгите нозе. Но, не крие дека откако влезе во Гинисовата книга на рекорди, животот ѝ се променил па таа сега е горда на своите невообичаено долги нозе.
„Никогаш не обрнував посебно внимание на моите нозе“ – вели Светлана, но додава дека ова се променило по мерењето на Гинис.
Инаку таа е помошник тренер во американска гимназија, а пред тоа играла кошарка за Португалија, Израел и Шпанија.
Рекордот на Светлана го собори Екатерина од Русија во 2008 година со должина на нозете од 134 сантиметри. Денес, пак, титулата ја држи девојка од САД, чии нозе се со должина од 135,2 и 134,3 сантиметри.
В. К. | Црнобело