Девојката со најдолги нозе во светот: „Ме споредуваат со чудовишта од хорор филмови, но сакам што сум уникатна“

Мејси Курин е висока 208 сантиметри, а нејзините нозе се долги 1,3 метри. Таа вели дека го сака својот уникатен изглед, но се соочува со многу предизвици поради висината.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-01.jpg

Мејси Курин од Остин, Тексас, веќе четири години го држи рекордот за жена со најдолги нозе во светот.

21-годишната девојка е висока 208,8 сантиметри, додека нејзините нозе се со должина од 1,3 метри.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-02.jpg

Благодарение на рекордот и уникатниот изглед, Мејси е ѕвезда на Инстаграм каде што има над 65.000 следбеници.

На ТикТок, пак, ја следат над 24.000 корисници, а таа објавува видеа со кои покажува со какви предизвици се соочува.

Мејси вели дека ѝ се допаѓа што има уникатен изглед, но истакнува дека неретко добива злобни коментари онлајн.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-03.jpg

„Ако некој ме навредува, тоа е бидејќи не ме разбира… Некои дури ме нарекуваат и суштество од хорор-филм, како Слендермен“.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-06.jpg

Иако сега ги игнорира навредите, Мејси вели дека во детството сепак ѝ било тешко да ја прифати својата висина.

„Отсекогаш сум била повисока, уште во забавиште. Секогаш сум била една глава повисока од другите.

Еднаш, мислам дека бев второ одделение, некој ме праша дали сум средношколка бидејќи бев многу висока.

Тој период ја мразев мојата висина бидејќи децата често ме малтретираа. Но, сега знам дека никој друг не е како мене. Јас сум уникатна“.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-07.jpg

Мејси вели дека сега чувствува одговорност да ги охрабрува другите високи жени да се сакаат и да се прифатат себеси.

Но, истакнува дека висината и долгите нозе си носат и свои предизвици.

„Треба да се наведнувам секогаш кога влегувам во некоја просторија!“

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-08.jpg

Младата девојка имала и љубовни проблеми и вели дека кога се гледа со некој, тој се срами да ја бакне во јавност бидејќи секогаш е повисока.

„Моментално не сум заинтересирана за состанување. Но, секојпат кога сум излегувала со мажи кои биле многу пониски од мене, не се чувствував пријатно, како да се срамеле од мене“.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-10.jpg

Друг проблем за Мејси претставува и облеката.

„Навистина е тешко да си најдам облека. Најчесто купувам од American Tall (специјализирана продавница за облека за високи луѓе), но тие немаат долги панталони што ми се точни.

Морам да одам кај шивач, што ме чини околу 250 долари за еден пар фармерки. Но, јас немам многу пари, па имам само два пара фармерки што ми се точни“.

amerikanka-e-zhenata-so-najdolgi-noze-vo-svetot-me-sporeduvaat-so-chudovishta-od-horor-filmovi-no-sakam-shto-sum-unikatna-04.jpg

Иако се прослави благодарение на светскиот рекорд, Мејси вели дека тоа е титула што не ѝ е многу важна.

„Околу четири години го држам рекордот за жена со најдолги нозе. Но, тоа е титула што повеќе не ми значи ништо.

Тоа е нешто од минатото. Ако некој сака да ја преземе мојата титула, ќе бидам повеќе од среќна“.

Повеќе фотки од Мејси на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg