Генијална кампања: Во Љубљана поттикнуваат на безбедно возење со имиња и казни објавени на билборд
- Детали
- вторник, 20 октомври 2020
Одлична иницијатива која добро би дошла и кај нас – во Љубљана се поставени билборди на кои се испишани имиња, сообраќајни прекршоци и висина на парична казна, како кампања за поттикнување на безбедно и прописно возење.
На Твитер стана хит фотка од билборди во Љубљана на кои се објавени имиња со казна за сообраќаен прекршок.
U Ljubljani osim što te novčano kazne zbog parkiranja na mjestu za invalide i slično, osvane ti i ime na gradski pano sa učinjenim prekršajem, da zna cijeli grad da si govedo. Bravo Ljubljana. pic.twitter.com/786WQF8zmz
— bastadur_ (@adiotrafikonte) October 18, 2020
Дел од плакатите кои се поставени на градските светлечки билборди низ Љубљана гласат вака:
Здравко Риба паркирал на место за инвалиди – 80 евра казна.
Миро Клептач за време на возењето ракувал со мобилен телефон – 120 евра казна.
Михаел Шумиќ возел низ населено место со 77km/h – 500 евра казна + 5 казнени поени
Сепак, станува збор за кампања, а не за вистинско објавување на казните како што многумина првично помислија.
Љубљана е град во кој постојано се преземаат разни активности за поголема безбедност во сообраќајот за сите учесници во истиот, но посебно внимание се посветува на поранливите групи – пешаци, деца, постари луѓе и лица со попреченост.
Една од тие активности е оваа кампања од страна на градот и градската полиција која им ја презентираат на граѓаните со цел да поттикнат поголема свест преку игра на зборови и впечатливи натписи кои укажуваат на прекршоците и казните за истите.
Одлична иницијатива која би можела да се примени и кај нас – добро би било кога би се правеле почесто кампањи за подигање на свеста за сообраќајот и безбедноста.
М. М. | Црнобело