Видео снимки од невремето во кое потона јахтата на британскиот Бил Гејтс - најдени неговите останки
- Детали
- четврток, 22 август 2024
На Твитер се објавени видео снимки на кои од надзорните камери може да се види како изгледало невремето на Сицилија, во моментот кога јахтата на британскиот Бил Гејтс потона во непосредна близина. Според најновите информации, неговото тело било извлечено од потонатата јахта...
Италијанските спасувачки тимови неколку дена трагаа по телата на британскиот бизнисмен Мајк Линч (59) и неговата 18-годишна ќерка Хана, како и по уште 4 други лица кои настрадале во бродската несреќа која се случила во близина на Сицилија.
Според пишувањата на светските медиуми, во текот на вчерашниот ден, од потонатата јахта биле извлечени телата на 4 лица, а во текот на денешниот ден треба да биде извлечено уште едно тело.
Потонатата јахта се наоѓа на 50 метри длабочина, па заради тоа се вклучени специјални тимови нуркачи кои се обучени да одат на толку голема длабочина.
„Операцијата за вадење на телата е мошне долга и комплицирана“ – велат претставници на тимовите за спасување.
Инаку, телото на британскиот Бил Гејтс, според Reuters, било најдено во текот на вчерашниот ден (21.08) по што било прекриено со сина прекривка и однесено во мртовечница.
Досега, освен на Линч, најдени се телата на уште 4 други негови гости, како и телото на готвачот Рекалдо Томас, кое изплива на површината само неколку часа по несреќата, а сѐ уште се трага по телото на неговата ќерка.
Според пишувањата во италијанските медиуми, во моментот пред да се влоши времето, на бродот имало голема забава, а внатре имало 12 патници и 10 членови на екипажот.
Фото: Фејсбук - BAIA Santa Nicolicchia
Мајк Линч, кој е познат и како „британскиот Бил Гејтс“, славел со своите соработници и адвокати, откако по 13 години конечно бил ослободен од сите обвиненија за проневера и измама што се водеа против него и конечно ја дочека слободата.
Бродот потонал само неколку минути откако бил погоден од силни ветрови, а 15 лица успеале да се спасат.
Брзината со која потонала јахтата и фактот што другите бродови околу неа не се оштетени во бурата, е тема за која нашироко се разговара на социјалните мрежи, a ќе има истрага и за тоа дали била соодветно прикотвена пред моментот на несреќата.
На Твитер се објавени видео снимки од надзорните камери во Сицилија, на кои се гледа моментот кога островот бил погоден од силно невреме.
Видеото е направено од надзорните камери на ресторан во близина.
❗️🌪🇮🇹 - British multimillionaire Mike Lynch, co-founder of Autonomy, and Jonathan Bloomer, chairman of Morgan Stanley International, are missing after their yacht, Bayesian, was wrecked by a tornado off the coast of Sicily.
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) August 20, 2024
The yacht had 22 people on board; 15 were rescued,… pic.twitter.com/QDOKkytJeS
O Iate de luxo Bayesian que emborcou e afundou na costa da Sicília, afundou em 2 minutos, a mídia noticiou que o presidente do conselho de administração da empresa financeira Morgan Stanley, Jonatan Blumer e o bilionário Mike Lynch, ainda estão desaparecidos #Bayesianyacht #Italy pic.twitter.com/gHgQcck8vC
— Hugo Borges (@hbj_r77032) August 21, 2024
Повеќе детали за Мајк Линч, како и за случајот што 13 години се водел против него прочитајте ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело