Постои ли најбезбедно седиште во авионот и кое е тоа (според професори за аеронаутика)?
- Детали
- петок, 01 март 2024
Сте помислиле ли кое седиште во авионот е најбезбедно за седење? Професори на универзитет за аеронаутика откриваат кое седиште тие би го избрале за седење и кој е трикот што треба сите да го знаат во случај на авионска несреќа.
Ентони Брикхаус е професор на Универзитетот за аеронаутика во Флорида, а тој даде изјава за Wall Street Journal каде откри дека не постои едно седиште кое само по себе е најбезбедно во авионот.
Но, како што вели, тој би избрал да седи во задниот дел од авионот, затоа што се докажало, според статистиките, дека тој е најбезбедниот дел.
Ако не може да најде слободно место во тој дел, наверојатно би избрал да седи во близина на крилата затоа што тие се силна структурна компонента и многу е веројатно да останат целосни за време на несреќа.
Според истражувања на магазинот Forbes, средишните седишта во задниот дел на авионот, според статистиката на несреќите се најбезбедни, а најнебезбедни се оние што се наоѓаат точно во средината на леталото.
Според професорот Греам Брајтвајт од унивезритетот Кранфилд во Велика Британија, постои еден трик што треба сите патници да го практикуваат кога ќе влезат во авионот, затоа што може да им го спаси животот.
Според него, патниците треба да избројат колку редици седишта има од нивната позиција до излезот, затоа што при несреќа, кога леталото е исполнето со чад, многу полесно можат да ја најдат вратата за излез.
Мора да се напомне дека авионскиот сообраќај се смета за еден од најбезбедните видови сообраќај, со тоа што во последните 5 години имало по 13 несреќи годишно и околу 300 лица загинале, што е многу помалку од сообраќајните несреќи.
Б. С. Б. | Црнобело