„Живееме во пекол, а таа продава облека“ – Инфлуенсерка позира на плажа со позадина од пожарите во Калифорнија
- Детали
- вторник, 15 септември 2020
Инфлуенсерка ја рекламира својата модна линија позирајќи на плажа додека во позадина беснеат пожари во шумите на Калифорнија – до каде одат младите луѓе „жедни“ за лајкови и внимание?
Модната блогерка и инфлуенсерка Colette LeClair ја разбесни јавноста со својата најнова фотосесија на плажа во Сан Франциско.
Додека во нормални услови, портокаловото небо изгледа магично, овојпат причината за истото се разбеснетите пожари низ Калифорнија, а на инфлуенсерката тоа не ѝ пречело за да си направи фотосесија со позадина која е „во тон“ со нејзиниот фустан.
Во описот на фотографијата таа кажува колку сака да фоторафира, а на крајот споменува дека изминативе недели има пожари низ Калифорнија и испраќа молитви до луѓето кои се соочуваат со нив. Зарем е тоа доволно откако ќе се направат фотки на такво место?
https://www.instagram.com/p/CE8RMsNnS77/?utm_source=ig_embed
Инаку, целта на фотосесијата е промовирање на попустот на еден од линијата фустани.
Токму тоа ја разбранува и разбесни јавноста, а на Твитер се огласи Керолајн Мос со критики кон инфлуенсерката.
„Живееме во пекол. Ова е инфлуенсерка која објави фотографија во облека која ја продава, позирајќи во неа на плажа во Сан Франциско, додека околу неа беснеат пожари од шумите.“
Твитот доби многу реакции, негативни коментари од твитерџии кoи го доживуваат ова застрашувачки и сметаат дека таа користи еколошка трагедија за себе-промоција.
Покрај негативните коментари, се нашле и такви кои ја одбраниле инфлуенсерката велејќи дека и таа мора да заработи за живот и не може да престане да работи за да жали за Земјата.
По ова, профилот на Твитер на Мос бил избришан, а инфлуенсерката ја исклучила опцијата за коментирање на нејзиниот Инстаграм пост.
М. М. | Црнобело