Беше прво жариште на корона, а сега се лудува без дистанца – Што се случува во Вухан? (фото+видео)
- Детали
- вторник, 18 август 2020
Вухан беше првиот епицентар на корона вирусот откаде првично потекна непријателот на 2020-та, а сега се однесуваат како никогаш да немало корона и лудуваат во базен во бесконечна турканица без дистанца и маски.
Илјадници луѓе стуткани еден до друг се забавуваат во водениот парк Wuhan Maya Beach, без никаква заштита од вирусот кој потекна токму од таму кон крајот на 2019-та година.
Безгрижните жители на Вухан изгледа заборавија на периодот кога градот беше прво жариште на корона вирусот и како резултат на тоа беа затворени 76 дена, па сега безгрижно се забавуваат на музички настап, на кој ниту еден посетител во публика не носи маска.
Жителите во градот се сега слободни по долготрајните рестрикции, строгите мерки веќе не се на сила, а во регионот на Вухан се организирани бесплатни влезови и промоции на многу вакви места за да се привлечат посетители и да се зајакне економијата, па токму затоа сме сведоци на овие сцени.
Вака изгледа забавата во Вухан:
Овие сцени за жал може да се забележат насекаде низ светот.
Прочитајте и Не, ова не се лански фотки и имало „бетер“ од нас - преполни плажи во Англија, Русија, САД (фото)
М. М. | Црнобело