„Фатена“ на дело непланирано – Маж на Google Maps открил дека сопругата го изневерува
- Детали
- среда, 12 август 2020
Очигледно дека од вистината не се бега - додека истражувал улици, си ја видел сопругата на снимките на Google Maps како седи на клупа со друг маж.
Google Maps навистина е спас во ситуации кога сакаме да ја разгледаме околината на некое место, но овој маж освен што го истражил главниот град на Перу, не сакајќи отворил истрага за афера на сопругата.
За Google Maps да ја овозможи опцијата за „street view“, камера се движи по улиците и прави снимка од цела околина, а на истите остануваат и луѓето кои случајно ќе се најдат таму, но со замаглени лица.
Сепак, ова не го спречило мажот да си ја препознае сопругата како седи на клупа со друг маж во 2013-та, а откако ѝ го покажал ова таа ја признала аферата.
Светските медиуми наведуваат дека мажот ги објавил фотките на Фејсбук, но не е објавен линк до изворот.
Додека на нас Google Maps ни е спас, за некои луѓе е кобен...
М. М. | Црнобело