Русија ја одобри првата ковид-19 вакцина - ја примила ќерката на Путин
- Детали
- вторник, 11 август 2020
По само 2 месеци тестирање на луѓе, Владимир Путин објави дека Русија ја одобрува првата вакцина за ковид-19, што многумина го толкуваат како резултат на национален интерес, а не ставање на здравјето и науката на прво место.
Светските медиуми објавија дека Владимир Путин соопштил дека Министерот за здравство на Русија ја одобрил вакцината која ја развивале од Gamaleya Институтот во Москва.
Вакцината е тестирана на луѓе нешто помалку од два месеци, а истата е веќе одобрена и се движи кон патот за масивно вакцинирање, иако финалните фази од клиничкото тестирање се уште во тек.
Брзината со која Русија се обидуваше да ја развие и одобри првата вакцина е причина заради која многумина велат дека може да не е ефективна, како и дека Путин го става националниот престиж пред науката и безбедноста на луѓето, со оглед на тоа што за ваков исход е потребен подолг временски рок за темелни тестирања.
Според некои медиуми, ќерката на Путин веќе ја примила вакцината, а претседателот на Филипини има голема доверба во руската вакцина и исто така доброволно се пријавил за тестирањата.
М. М. | Црнобело