„Канцеларија“ во рајот: Барбадос нуди престој од една година за сите што работат од дома
- Детали
- петок, 10 јули 2020
Замислете тиркизно синило, бели плажи, палми, коктел и вие работите онлајн... Па, кој не би си посакал таква рајска „канцеларија“? Уште да можевме без проблем да стигнеме дотаму...
Островот Барбадос чека на сите оние кои се во можност да стигнат дотаму. Оваа рајска дестинација поради недостигот на туристи годинава одлучи да понуди една година слободен престој за сите луѓе кои работат од дома, односно можат да си работат онлајн од некоја рајска плажа на Барбадос.
Не е потребно ниту виза, ниту работна дозвола за престој, потребно е само да ги спакувате куферите и да работите оттаму.
Оваа карипска земја се одлучи на ваков потег за да ја подобри малку економската ситуација во државата.
Па, зошто би седеле затворени во својот стан кога можете да работите од плажа на Барбадос?
Добар предлог, зарем не?
Уште да видиме како ќе се одвива ситуацијата со нашите патувања и дали има начин без проблеми да стигнеме дотаму.
С. С. | Црнобело