Од листата на бизарни парови: 60-годишна бабичка се сврши со 21-годишно момче
- Детали
- среда, 01 јули 2020
Таа е 39 години постара од својот свршеник. Го запознала кога имал само 19 години и вели дека ужасно ја нервира што сите зјапаат во нив.
Пам Шастинен (60) од Тулса, Оклахома се свршила со својот 21-годишен дечко Џонатан Лангевин, но била многу несреќна затоа што нејзините пријатели реагирале лошо и ѝ кажале дека тој може да ѝ биде внук.
Пам од нив дури добила совети да посети психолог, но таа рекла дека ништо не може да ја премисли затоа што Џонатан е љубовта на нејзиниот живот и не ѝ е грижа што мислат луѓето.
Таа веќе има еден внук, а од својот свршеник е постара дури 39 години.
И покрај суровите коментари Пам верува дека годините се само бројка и за љубовта не постојат граници.
Нивната врска започнала кога во февруари 2018 тој ѝ пишал порака на апликација за состанување. Наскоро дознала дека имаат многу заеднички интереси и одлучила да излезе со него.
Но, ја исплашило кога ѝ кажал дека е студент кој има само 19 години, а таа веќе имала две ќерки кои имале повеќе од 30 години. Сепак, Џонатан ѝ кажал дека сака постари жени.
Таа вели дека уште кога била во 30-тите години од животот сакала помлади мажи.
Оттогаш тие се лудо вљубени.
Листата на бизарни парови не завршува - погледнете уште еден пар ТУКА!
С. С. | Црнобело