Тој има 31, таа 91 година, а секојдневно уживаат во сексот
- Детали
- четврток, 19 јуни 2014
Дека годините навистина не се пречка за да се биде со некого во врска најдобро потврдува американскиот пар во кој момчето Кајл Џонс има 31 година, а неговата најстара девојка Марџори Мекол е дури 60 години постара и има 91 година.
Покрај неа тој има уште 4 други девојки кои исто така се над 20 години повозрасни од него. На прв поглед ќе помислите дека се баба и внук, но ќе останете запрепастени кога ќе ги видите како се бакнуваат и прегрнуваат.
Згора на тоа на гостувањето во една телевизија неодамна изјавија дека всушност, најмногу се заедно заради сексот.
Првата помисла на сите им е дека тој е ловец на пари и богати баби, но тој го тврди спротивното. Стариците со кои се гледа имаат различна материјална состојба и воопшто не го интересира наследството, ниту се труди да се ожени со некоја.
Кајл, едноставно, го возбудува белата и седа коса, како и збрчканата кожа. Тој смета дека никој не треба да се срами од она што го сака. Млад е и згоден, па доколку би сакал девојка на негова возраст би можел да ја има во секое време, но не го привлекуваат младите.
Марџори и Кајл раскажуваат дека имаат одличен секс, таа се облекува во секси долна облека, тој ѝ овозможува врвно задоволство, а таа му ги исполнува неговите желби и заедно се среќни.
Не кријат дека се гледаат најчесто заради сексот, понекогаш излегуваат и на состанок, но нема ништо подлабоко во нивниот однос.
Вакви врски тој има уште со неколку старици и единствен проблем му е што во секој момент некоја од нив може веќе да ја нема. Но, додека се дружат, одлично се забавуваат.
Може да ви звучи чудно, необично или бизарно, но тие го живеат животот на нивен начин, без разлика што мислат останатите.
Ако сакате да се уверите како изгледаат нивните средби, подгответе се за бизарно видео: