Црква во која канабисот е светост, има ласерско шоу и музика за уживање во марихуаната
- Детали
- среда, 10 јуни 2020
Елеватионистите се посветени на духовните благодети кои ги дава канабисот. Тие не следат никаква догма – имаат само едно правило, сите припадници на оваа црква треба да ја прифатат марихуаната како светост.
„Меѓународната црква на канабисот“ е сместена во Денвер, САД и ја населиле припадниците на оваа необична и нова религија во 2017-та година.
Членовите сметат дека користењето на канабисот помага да се издигнат до повисоко ниво на спознавање.
Внатрешноста на црквата е украсена со неонски мурал во боите на виножитото кој го насликал славниот шпански уметник Окуда Сан Мигел.
Има и неколку клупи на кои е дозволено уживање во марихуаната, а за верското доживување придонесуваат и музиката со ласерско шоу.
Членовите на црквата мораат да бидат постари од 21 година.
Канабисот е легализиран во Колорадо од 2014-та година. Полнолетните смеат самостојно да одгледуваат до 6 билки марихуана и да поседуваат до 30gr со себе.
Забрането е користење на јавни места како и возење автомобил под влијание на наркотици.
Е. П. | Црнобело