Изолирано амазонско племе за првпат доби интернет: „Децата се залепени на екраните, зависни се од порно“

Пред 9 месеци добија интернет, по стотици години изолираност, а веќе се соочуваат со последиците. Припадниците на конзервативно амазонско племе Марубо се среќни што имаат брз пристап на информации, но веќе забележуваат нагли промени кај својот подмладок.

izolirano-amazonsko-pleme-za-prvpat-dobi-internet-decata-se-zalepeni-na-ekranite-zavisni-se-od-porno-01.jpg

Племето Марубо стотици години наназад живее во заеднички колиби распространети по течението на реката Итуи во Амазонската шума.

Имаат сопствен јазик, користат билки за да се поврзат со шумските духови и ловат мајмуни за храна или како миленици.

На овој начин живееле сѐ до септември минатата година, кога за првпат добија пристап до брз интернет, благодарение на Илон Маск.

izolirano-amazonsko-pleme-za-prvpat-dobi-internet-decata-se-zalepeni-na-ekranite-zavisni-se-od-porno-02.jpg

Новинари на The New York Times отпатуваа длабоко во Амазонската шума за да направат репортажа и да увидат што се случува кога на малите, изолирани племиња ќе им се обезбеди пристап до западниот свет.

„Кога добивме интернет, сите бевме среќни. Интернетот ни донесе голем број придобивки. Можеме да разговараме со роднините што живеат далеку или да повикаме помош во итни ситуации, но работите се влошуваат“ – вели Тсанаима Марубо, припадничка на племето.

izolirano-amazonsko-pleme-za-prvpat-dobi-internet-decata-se-zalepeni-na-ekranite-zavisni-se-od-porno-04.jpg

Таа вели дека најзабележителни промени има кај младите припадници на племето кои сѐ повеќе одбиваат да се вклучат во секојдневните активности на племето.

„Младите луѓе станаа мрзливи заради интерентот. Тие научија да се однесуваат како белите луѓе“ – вели таа.

По само 9 месеци користење интернет, и припадниците на ова изолирано племе се соочуваат со истите проблеми со кои што се соочуваат и луѓето во модерната цивилизација.

Децата се залепени за телефоните, озборувања во групните разговори, зависности од социјални мрежи, комуникација со непознати лица, насилни видео игри и секако порнографија...

izolirano-amazonsko-pleme-za-prvpat-dobi-internet-decata-se-zalepeni-na-ekranite-zavisni-se-od-porno-05.jpg

Ова особено ги загрижува припадниците на конзервативното племе, каде дури и бакнежите во јавност се забранети.

Тие забележале дека младите почнуваат меѓусебно да споделуваат порнографски содржини, а стравуваат дека некои од припадниците ќе почнат да го прават тоа што го виделе на филмовите.

Племето веќе забележало агресивно сексуално однесување кај некои од припадниците.

Исто така, она што особено ги загрижува е тоа што разговорот меѓу припадниците на племето замира.

„Сите се постојано онлајн, па понекогаш и воопшто не разговараат меѓу себе“ – вели Алфредо Марубо.

izolirano-amazonsko-pleme-za-prvpat-dobi-internet-decata-se-zalepeni-na-ekranite-zavisni-se-od-porno-03.jpg

Инаку, Илон Маск планира да ги поврзе на интернет сите изолирани племиња во Бразил, а какви промени ќе донесе тоа кај нив, останува допрва да се види.

izolirano-amazonsko-pleme-za-prvpat-dobi-internet-decata-se-zalepeni-na-ekranite-zavisni-se-od-porno-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg