Заедно имаат 861 година, секој ден јадат ист оброк – Кое е најдолговечното семејство во светот?
- Детали
- петок, 09 февруари 2024
Италијанското семејство Мелис го сочинуваат девет браќа и сестри кои заедно имаат 861 година. Тие се најдолговечното семејство во светот, а велат дека тајната за нивната виталност е оброкот што го јадат буквално секој ден.
Девет браќа и сестри од Сардинија, познати како семејството Мелис, заедно имаат 861 година и важат за најдолговечното семејство во светот.
Најстариот член на семејството има 105 години, а тие ја припишуваат својата долговечност на начинот на исхрана.
Велат дека доброто здравје и долгиот живот се резултат на појадокот кој го јадат со години.
Во изјава за The Guardian, веднаш по прославувањето на нејзиниот 105-ти роденден, Консолата Мелис, откри дека нејзината тајна е едноставна - супа што ја јаде секој ден.
Станува збор за италијанска супа позната како Minestrone која се прави со наут, два вида грав и многу зеленчук како кромид, морков, домати...
Во 2012 година, семејството Мелис постави светски рекорд како семејство со најголема вкупна возраст.
И експертот за долговечност Ден Бутнер, смета дека токму овој појадок е тајната за долгиот живот на семејството Мелис.
Ден смета дека иако долговечноста може да се препише и на генетиката, сепак начинот на исхрана и начинот на живот се клучот за семејствата од овој крај да доживеат длабока старост.
Всушност, според Гинисовата книга на рекорди, жителите на Сардинија имаат најголем процент на стогодишници во светот.
Пјетро Мереу, режисер кој има снимено документарен филм за градот каде има најмногу жители кои доживеале 100 години, изјави дека заедничко на сите им е тоа што напорно работеле цел живот, но се хранеле здраво и живееле со малку или без стрес.
„Наместо да го следат ритамот на мејловите или мобилните телефони, тие го следат ритамот на природата“.
И додека сè повеќе луѓе бараат начин да живеат поздрав и подолг живот, исхраната на семејството Мелис покажува дека понекогаш клучот за долговечноста лежи во наједноставните оброци, кои се повторуваат ден по ден, деценија по деценија.
В. К. | Црнобело