Љубов и принова: По тажното збогување, Клепетан се врати кај Малена или има двојник?
- Детали
- петок, 29 мај 2020
Една од најубавите љубовни приказни на Балканот е приказната за штрковите Клепетан и Малена во Хрватска.
Малена за еден месец ќе прави 25 години. Клепетан е постар и има околу 33 години. Нивната љубов трае 17 години.
Секое лето Клепетан тргнува на пат кон Африка и секоја пролет на ист датум се враќа кај Малена. Минатата година сите го „отпишаа“ Клепетан – Стјепан Вокиќ, човекот кој се грижи за Малена, велеше дека доцни бидејќи настрадал по патот кон дома.
Но, Вокиќ е уверен дека годинава тој се вратил повторно, но на почетокот на април. Иако не е сигурен 100% дека штркот кој е сега со Малена е Клепо, сепак потајно и длабоко во себе е уверен дека е тоа неговиот Клепетан.
Во гнездото на Малена е повторно весело. Скоро се очекува да има принова. Стјепан вели дека Клепетан изгледа дека сепак се вратил.
„Многу ми беше тешко кога штркот се врати порано годинава во април и исчезна после неколку дена без трага. Но, сега многу се радувам дека Малена не е сама. Мислам дека Клепетан се врати, речиси сум сигурен дека е тоа тој. Секое утро ми доаѓа пред влезната врата и чека храна. Друг штрк не би го правел ова. Мислам дека тој „нов“ штрк е сепак мојот Клепо.“
Малена и Клепетан воделе љубов повеќепати и плод на тоа се три јајца над кои таа бдее деноноќно.
Ако сѐ биде како што треба, нивното потомство оваа година ќе се зголеми за 3 нови дечиња – инаку до сега имаат 66 штркови во потомство.
„Ми падна камен од срцево. На Малена ѝ носам канта со вода и риби на кровот, штркот будно ја чува и пази и навистина сѐ е како порано. Штркот ќе ми помага, јас ќе одам по риба...брзо ќе дојде август кога ќе треба тој повторно да замине во Африка заедно со малечките.“
Е. П. | Црнобело