Заврши најубавата љубовна приказна: Клепетан за последен пат годинава се поздравил со Малена пред да почине
Клепетан и Малена беа Ромео и Јулија на Балканот, но и на нивната приказна ѝ дојде крајот. Најпознатите хрватски штркови имаа тажно збогување.
Нивната љубовна приказна може да ја прочитате ТУКА, а за разлика од сите претходни години кога Клепетан ѝ се враќаше на Малена на 24-ти март, оваа година се вратил порано.
Но, го оглед на тоа што го нема цело лето, причината не била за да остане со неа во текот на топлите денови, туку за да се збогува.
Пензионираниот Стјепан, кој веќе 30 години се грижи за Малена, објасни дека неговиот Клепо, како што тој го вика, дошол во гнездото стар и болен.
„Четири од птиците дојдоа кај мајката и 3-4 часа тажно седеа. Тогаш знаев дека Клепо отишол да почине. Знаете како велат, птиците умираат пеејќи.“
Љубовната приказна за Клепетан и Малена беше објавена и на The Dodo, познат сајт кој објавува интересни приказни од животинскиот свет.
М. Д. | Црнобело