Пар завршил во затвор заради провокативни фотографии на Фејсбук
- Детали
- среда, 27 мај 2020
Алиреза Јапалги е фотограф и паркур љубител од Техеран. Пред 2 седмици тој објавил на Фејсбук фотографии со својата девојка, сликани на кров на зграда во Техеран, Иран.
Тие експресно завршиле во затвор заради вулгарноста на фотографиите - разголени и бакнување во јавност, чин кој се противи на обичаите во шеријатскиот закон.
Целата приказна одекна во Иран и светот, особено на социјалните мрежи, а многумина веруваат дека мотивите за апсење се други.
Неодамна исчезнал таткото на Алиреза, полицаец кој бил во одделението за борба против наркотици – пренесува BBC. Алиреза ја критикувал власта дека е бавна во истрагата, па многумина веруваат дека тоа е и причината заради која завршил во затвор – а, не заради овие фотографии.
Posted by Alireza Japalaghy on Monday, May 11, 2020
Е. П. | Црнобело