Правила кои ќе важат во хотелите во Шпанија ова лето
- Детали
- вторник, 26 мај 2020
Може да заборавите на безгрижниот одмор во Шпанија, со оглед на строгите и по малку чудни правила кои ќе важат за гостите.
За да се спречи ширењето на корона вирусот меѓу туристите, хотелите во Шпанија донесоа одлука дека ќе мора да се следат строги протоколи и мерки за заштита.
Ова се дел од правилата кои ќе бидат задолжителни за сите вработени и гости:
1. На секое влегување ќе мора да ги исчистите чевлите од простирка со средство за дезинфекција.
2. Дистанцата од 2 метри останува задолжителна, без разлика дали сте во лобито или во ходник.
3. Куферите ќе ви бидат дезинфицирани пред да влезете во хотелот.
4. Забранети се било какви поздрави со физички контакт помеѓу вработените и гостите.
5. Кога ќе ги пополнувате формуларите на рецепција, пожелно би било да си носите свое пенкало. Или да го дезинфицирате пенкалото пред и по употрeба.
6. Во лифт ќе смее да се возите само со семејството.
7. Вработените ќе носат визири, маски и ракавици како дел од работната облека.
8. Дезинфекциските гелови и средства ќе бидат оставени „на секој чекор“.
9. Нема да смеете да бидете во собата додека персоналот ви ја чисти.
10. Валканата облека никако не смеете да ја оставате на подот.
11. Заедничките тоалети во хотелот ќе мора да бидат дезинфицирани минимум 6 пати дневно.
12. Нема да смеете да позајмувате книги од непознати.
13. Сите ситници во собата мора да се дезинфицирани, од телефон и ламба, до четкичката за заби.
14. Нема да има мини барови во собите.
15. Плаќањето ќе мора да се извршува со картичка.
16. Секојпат кога ќе го напуштите хотелот, мора да ја оставите картичката или да ги оставите клучевите на рецепција, за да ги дезинфицираат.
17. Нема да има сол, бибер и масло на масите за заедничко користење во рестораните.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





