Грижлив сопруг направил велосипед со посебно седиште за сопругата со Алцхајмер (фото)

Сите имаме своја замисла за тоа како изгледа љубовта и како можеме да ја покажеме.

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-01.jpg

Одвреме-навреме, пак, налетуваме на вистинска приказна која ни покажува што точно значи љубовта. Ваква е приказната на Бил и Глед Форвард.

Бил и Глед се заедно повеќе од 50 години, и во половина век се соочиле со многу убави, но и тешки моменти. Еден од полошите настани се случил во 2004-та, кога здравјето на Глед почнало да се влошува, за на крај да ѝ дијагностицираат Алцхајмер.

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-02.jpg

Пред здравствените проблеми на жената, парот бил доста активен, а особено уживале во возењето велосипед. За жал, болеста ја направила Глед речиси неподвижна, па двајцата морале да се помират со новата судбина.

Но, Бил не се откажувал така лесно од својата сакана и покажал дека е подготвен да направи многу за неа. Сакајќи да ѝ помогне на Глед повторно да ужива во возењето, тој направил специјален велосипед, на кој има место и за неподвижна личност.

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-03.jpg

Изумот на Бил се состои од обичен велосипед, на чиј преден дел има прикачено еден вид инвалидска количка. Па додека тој вози, сопругата Глед може да седи во количката.

„Кога првпат почнавме да се гледаме, секоја недела го возев велосипедот до нејзиниот дом, oколу 5 километри, бидејќи само тогаш имавме можност да бидеме заедно“, вели грижливиот сопруг.

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-04.jpg

Нo велосипедот не е единственото нешто што Бил го направил за својата сопруга. Имено, поради болеста, на Глед ѝ е потребна помош за многу нешта, а Бил е секогаш овде за неа.

Тој, пак, вели дека му е чест да ѝ помага на сопругата, најмногу бидејќи тоа му е можност да ја покаже својата благодарност за нејзината грижа низ годините поминати заедно.

„Воопшто не ми е товар. Можноста да се грижам за жената што ја сакам сите овие години ја гледам како привилегија. Таа е мојата принцеза“, вели Бил.

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-05.jpg

Интересно е што велосипедот на Бил и Глед веќе се прославил, па дури постои и група на Facebook чија цел е да развие комерцијална верзија на неговиот модел, што ќе може да им се продава и на другите луѓе во слична положба.

Дури и да не заработи ништо од неговиот изум, Бил дефинитивно е сопруг каков што би посакала секоја жена.

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-06.jph.jpg

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-07.jpg

grizhliv-soprug-napravil-velosiped-so-posebno-sedishte-za-soprugata-so-alchajmer-08.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg