Исланд е прва земја од Европа која ќе прима туристи од целиот свет
- Детали
- понеделник, 18 мај 2020
Исланд ќе ги отвори границите за туристи од целиот свет. До 15-ти јуни се очекува секој да може да влезе во „ледената земја“.
Локалните власти најавија победа над корона вирусот. Епидемиолошката ситуација е под контрола, а сите кои ќе пристигнат во земјата ќе бидат тестирани на ковид-19.
Планирано е тестот и анализата да се прават на аеродромот, а резултатите ќе бидат познати истиот ден.
Од 15-ти мај веќе е дозволен влезот на научници и филмски екипи кои работат на различни проекти кои прво ќе мора да бидат 15 дена во карантин.
Туризмот е клучен за островот, затоа властите се одлучија на чекор - отворање на границите. Политичарите се сигурни дека вирусот нема да исчезне засекогаш така што ќе мора да научиме да живееме со оваа состојба.
Доколку и вие се решите да отпатувате на Исланд штом ги отворат границите - посетете ги овие прекрасни водопади.
Е. П. | Црнобело