Позитива на денот: 6-месечно бебе го победи корона вирусот и покрај другите здравствени проблеми
- Детали
- вторник, 28 април 2020
Малечката Ерин е вистинско чудо. Нејзините родители, Ема и Вејн Бејтс, ја чекале многу долго – цели десет години тие безуспешно се обидувале да станат родители.
Во 2019-та се родила Ерин и конечно им се исполнила желбата.
Кратко по породувањето, родителите откриле дека Ерин има проблеми со срцето, па кон крајот на годината ѝ била направена операција.
Додека била на интензивна нега, пак, малото девојче се заразило со вирус кој предизвикува инфекција на респираторниот тракт.
Девојчето не можело да дише самостојно, па родителите се подготвиле за долг престој во болница. Лекарите ги известиле дека ако не ѝ се подобри ситуацијата, ќе ја очекува уште една операција.
Како ова да било малку за загрижените родители, на 10-ти април Ерин се заразила и со корона вирусот.
Но, Ерин се покажала како вистински борец – и покрај другите здравствени проблеми, таа го победила вирусот!
Веста за малото девојче се рашири брзо и им влева надеж на луѓето кои имаат други здравствени проблеми, а се заразиле со корона. Секако, за жал не сите успеваат да се изборат, но добро е кога ќе слушнеме позитивна вест со среќен крај!
„Ерин го победи вирусот. Ја погоди силно, но сакаме луѓето да знаат дека корона вирусот не мора да биде смртна казна за оние кои веќе имаат некоја друга болест“, изјави нејзиниот татко.
Ерин сè уште е пациент поради другите здравствени проблеми, но нејзините родители се пресреќни што таа ја победи битката.
Тие направиле и Facebook група на која споделуваат новости за состојбата на нивната ќерка.
Истовремено, тие споделија фотографии од Ерин додека се лекувала од вирусот, кои навистина не оставаат никого рамнодушен, со цел да ги натераат луѓето да ги почитуваат мерките.
Ерин е вистински херој, а во петокот, кога официјално била излекувана од вирусот, добила и аплауз од медицинските лица.
/?v=227352918341308Малото девојче уште има потреба од кислородна поддршка, но лекарите се надеваат дека ќе може да си оди дома пред првиот роденден во октомври.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





