Заслепувачка сина убавина – расцветано поле во Јапонија со над 4,5 милиони цветови (фото)
- Детали
- недела, 26 април 2020
Кога цветовите цутат во Јапонија се чини дека тоа го прават мошне сериозно, како и повеќето работи во оваа феномен-држава.
Мошне важен дел од јапонската култура се цветовите кои цветаат во различни периоди од годината, почнувајќи од црешовите дрвја, па сè до овие неверојатни сини цветови кои го одземаат здивот.
Бескрајни полиња, дел на физички лица, а дел во сопственост на државата се прекриени со цветно синило, а локалното население како и туристите обожаваат да шетаат помеѓу нив во овој период од годината.
Зарем не сакаме за момент да се телепортираме во оваа неверојатна, пролетна убавина?
Погледнете ги сините, цветни полјани во Јапонија:
https://www.instagram.com/p/B_ANR8djpQK/?utm_source=ig_embed