Меган Маркл и принцот Хари се „збогуваа“ со кралскиот профил на Instagram
- Детали
- вторник, 31 март 2020
Меган и Хари го напуштаат Instagram и во понеделникот ја споделија нивната последна објава од профилот @SussexRoyal.
Парот повеќе нема да ја користи социјалната мрежа со ова име, ниту пак ќе управуваат со веб-сајтот SussexRoyal.com. Сепак, сајтот и профилот ќе останат активни и достапни за јавноста.
Тие објавија фотографија со натпис:
„Ѝ се заблагодаруваме на оваа заедница за поддршката, инспирацијата и споделената посветеност на доброто во светот. Хари и Меган“
Во описот, пак, пишува:
„Како што сите можеме да почувствуваме, во моментот светот изгледа навистина кршлив. Нo, сепак веруваме дека секое човечко битие го има потенцијалот и можноста да направи разлика – како што гледаме сега ширум светот, во нашите семејства, нашите заедници и оние во првиот ред – заедно можеме да се издигнеме и да го исполниме тоа ветување.
Она што е најважно сега е здравјето и благосостојбата на сите ширум светот и наоѓањето решенија за многуте проблеми кои се појавија како резултат на пандемијата.
Како што сите си ја наоѓаме улогата во оваа глобална промена и ги менуваме навиките, ние се фокусираме на ова ново поглавје за да сфатиме како најдобро можеме да придонесеме.
Иако можеби нема да нè гледате овде, работата продолжува.
Ѝ се заблагодаруваме на оваа заедница – за поддршката, инспирацијата и споделената посветеност за доброто во светот. Се надеваме дека ќе се поврземе повторно. Бевте одлични!
Дотогаш, ве молиме грижете се за себеси за другите.
Хари и Меган“
https://www.instagram.com/p/B-XTsETJsU0/?utm_source=ig_embed
Спирова С. | Црнобело