Докторот, кој стана вирален хит како херој во време на корона, го изгуби домот во торнадо
- Детали
- понеделник, 30 март 2020
Овој доктор се жртвуваше во борбата со короната, а сега светот му покажа дека го цени тоа организирајќи се да му помогне откако торнадо го уништи неговиот дом.
Докторот Џаред Буркс од Арканзас стана вирален хит со фотографијата што ја прикачи на социјалните мрежи, каде преку стакло комуницира со своето дете.
Тој одлучи дека активно ќе учествува во борбата против корона вирусот и во тој период ќе се изолира од неговата сопруга и дете за да не го загрози нивното здравје.
Докторот продолжи да оди на работа во двојни смени, пожртвувано грижејќи се за пациентите и да живее дома, а неговите најмили се преселија на извесно време кај родителите на неговата сопруга. Фотографијата што стана вирален хит е кога Буркс ги посетува таму и преку стакло се држи рака до рака со својот син.
Но, деновиве неговиот дом беше погоден од торнадо и целосно уништен.
За среќа, неговиот 1-годишен син и сопругата на Буркс во тој период не живееја во домот, а Буркс го преживеа торнадото иако бил внатре.
Неговата сопруга Алиша на својот Фејсбук профил напиша:
„Сите сме безбедни. Нашата куќа ја нема. Џаред беше внатре, но преживеа со божја милост. Зек и јас бевме во домот на мајка ми. Молете се за нас додека ги собираме парчињата.“
Големината на луѓето се гледа во тоа што откако беше лансирана GoFundMe акција за помалку од 24 часа се собраа 40.000 долари за помош на семејството.
Пожртвуваноста на докторот во време на корона дефинитивно допре до срцата на луѓето ширум светот и тие сега му враќаат во иста мерка.
We are all safe. Our house is gone. Jared was inside, but he survived by the grace of God. Zeke and I were at my mom’s house. Please pray for us as we begin to pick up the pieces. ❤️
Posted by Alyssa Burks on Saturday, March 28, 2020
С. С. | Црнобело