Британски професор објаснува: колку луѓе може да зарази едно заболено лице со корона?
- Детали
- вторник, 31 март 2020
Британскиот професор и специјалист на интензивна нега Хју Монтгомери ја објаснува разликата помеѓу обичниот грип и COVID-19 кои неретко се поврзуваат, а суштинската разлика е во пренесувањето, односно ширењето на вирусот.
Монтгомери во интервју за „Channel 4 Dispatche“ потврдил дека COVID-19 се пренесува многу побрзо од сезонскиот грип. Во продолжение статистика:
„Доколку имате обичен грип, во просек ќе го пренесете на 1,3-1,4 луѓе. Ако потоа тие заболени луѓе го пренесат на истиот број на луѓе, во моментот кога пренесувањето на грипот ќе се повтори 10 пати, вие би биле одговорни за заболување на 14 случаи. Но, корона вирусот е многу заразен и секој заболен може да го пренесе на тројца луѓе. Тоа не изгледа како голема разлика, но доколку секој од овие 3 луѓе го пренесе на уште 3 и така се повтори 10 пати, вие тогаш ќе бидете одговорни за инфицирање на 59.000 луѓе.“
Монтгомери исто така истакнува дека луѓето со благи симптоми на корона можат да заразат други луѓе, но само во ретки случаи се случуваат сериозни компликации (околу 10-тиот ден од инкубацијата) – хоспитализација и третман на интензивна нега.
Британскиот професор, исто така, потенцира дека најголемиот проблем со најтешките пациенти е потенцијалниот недостиг на респиратори, доктори и медицински сестри.
„Нема да ве лажам, ќе биде сериозно. Ќе биде страшно за голем број на луѓе, но мал број на луѓе навистина ќе бидат сериозно болни и на мал број ќе им треба интензивна нега, а ние можеме да спасиме многу од тие животи, но ве молам не заборавајте, најдобрата шанса што можеме да им ја дадеме на луѓето што се разболуваат е да имаме доволно кревети, доволно персонал и доволно опрема, да бидеме тука за вас“.
Професорот на крајот порачува дека не треба да бидеме неодговорни и да не забораваме дека би можеле да го доведеме не само сопственото здравје во опасност, туку и на другите околу нас.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





