Ја изненадил саканата пред домот за стари лица за годишнина - вистинската љубов е посилна од пандемијата (фото)
- Детали
- среда, 18 март 2020
Боб и Ненси првпат после речиси 70 години морале да ја поминат годишнината од брак одвоено. Боб ја посетува Ненси редовно во домот за стари лица, но заради корона вирусот, домот не дозволува посети.
Сепак, Боб не дозволил ова да го спречи да ја искаже љубовта кон својата сакнаа сопруга па на денот на нивната годишнина дошол пред нејзиниот прозор со честитка „Те сакав 67 години и уште те сакам. Среќна годишнина.“
„Тажен сум затоа што сакам Ненси да е овде со мене, а знам дека не може. Не сакам никој друг освен неа, само таа може да ме истрпи.“
Тие живеат во Конектикат. Иако ова се тешки времиња за целиот свет, Боб и Ненси се вистински пример дека вистинската љубов може да победи сè, па и пандемија.
Нивната ќерка, една од трите деца, Лаура вели: „Нашите родители се вистинска инпсирација и ни поставија големи очекувања како треба да изгледа вистинската љубов“.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





