Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо позитивна на корона вирусот
- Детали
- петок, 13 март 2020
Семејството на канадскиот премиер Џастин Трудо е во само-изолација, а резултатите од тестирањето покажаа дека неговата сопруга Софи е заразена со корона вирус.
Одлуката за само-изолација е донесена откако се вратиле од посетата на Велика Британија и почувствувале симптоми на грип.
„Иако поминувам низ непријатни симптоми на вирусот, наскоро повторно ќе застанам на нозе. Во изолација сум во својот дом и тоа не е ништо во споредба со она низ што поминуваат другите семејства во Канада кои можеби имаат и поголеми медицински проблеми“ – напоменала Софи во соопштението за јавноста.
Според последните информации, нејзиниот сопруг, премиерот на Канада е здрав и нема никакви симптоми, но и тој ќе биде изолиран во следните две недели.
На Твитер тој напиша:
„Добро сум и немам симптоми на вирусот, но ќе ги следам сите совети на нашиот доктор и ќе бидам во само-изолација за сега. Ќе продолжам да работам од дома и ќе одржувам состаноци преку видео повици“.
?s=20
Доколку и вие сте во ризичната група, или сте биле на патување во некои од критичните земји, следете ги советите за само-изолација на нашето Министерство за здравство.
Е. П. | Црнобело