TIME направи 100 насловни страници за „Жена на годината“ во чест на жените кои го променија светот
- Детали
- четврток, 12 март 2020
Весникот TIME направи одличен проект со кој им оддава почит на најважните жени од историјата.
Имено, весникот направи 100 насловни страници со кои се слават жените кои ја заслужиле титулата „Жена на годината“, од 1920-та, па сè до денес.
„72 години, TIME прогласуваше „Маж на годината“. Со неколку исклучоци, речиси секогаш беше маж, обично претседател или премиер или, можеби, титан од индустријата. Низ историјата, ова се мажите кои имале големо влијание во светот“, стои на веб-сајтот на TIME.
До 1999-та година се избираше „Маж на годината“, а оттогаш рубриката е наречена „Личност на годината“.
Но, со овој проект, весникот сака да им го даде потребно признание на највлијателните жени, кои многу често биле засенети.
11 жени веќе ја имаат добиено титулата „Личност на годината“, а за проектот биле направени 89 нови насловни страници. Притоа, биле ангажирани уметници од целиот свет кои имале задача да направат дел од портретите на значајните жени.
100-те жени се избрани од 600 номинирани, а изборот го направил тимот на TIME, како и личности кои се експерти во областа, но и неколку значајни жени со разно потекло.
Во продолжение погледнете дел од насловните и годината во која би требало да бидат објавени: