Харви Вајнштајн: „Џенифер Анистон треба да биде убиена“

Харви Вајнштајн изјавил дека Џенифер Анистон „треба да биде убиена“ откако му било соопштено дека таа планирала да го пријави за сексуален напад.

harvi-vajnstajn-jenifer-aniston-treba-da-bide-ubiena-01.jpg

Во текот на бројните обвиненија од движењето #MeToo против филмскиот могул, неговата портпаролка му испратила мејл „Не сум сигурна дали го виде ова. Џенифер Анистон.“

Во мејлот стоело дека: „Џенифер Анистон споделила со пријателка дека за време на снимањето на филмот „Derailed“, Вајнштајн сексуално ја нападнал – ја зграпчил за задникот“.

Низ годините, тој честопати зјапал во нејзиното деколте правејќи Џенифер да се чувствува многу непријатно. Извор близок на Анистон изјавил и дека Харви бил заљубен во неа и постојано раскажувал колку е „жешка“.

45 минути откако го примил овој мејл, Вајнштајн одговорил со: „Џен Анистон треба да биде убиена“.

Enquirer никогаш не ги објави обвинувањата во врска со Анистон, а портпаролот на поранешната ѕвезда на „Пријатели“ ги нарече мејловите „лажни“.

harvi-vajnstajn-jenifer-aniston-treba-da-bide-ubiena-03.jpg

„Џенифер никогаш не била вознемирувана или нападната од Харви Вајнштајн“ – изјавил публицистот Стивен Хувејн. „Никогаш не била сама со него, а тој никогаш не ѝ се приближил ниту пак ја допрел“.

Минатата година, Анистон изјави дека Харви се однесувал како „свиња“ за време на вечерата на премиерата на „Derailed“.

„Се сеќавам дека тој седеше на масата до Клајв Овен, а продуцентите и еден мој пријател седеа до мене. Тој дојде до нашата маса и му викна на мојот пријател „Стани!“. Јас останав вчудоневидена. Пријателот стана за Харви да седне до мене. Ова беше навистина никакво однесување, како „свиња“.

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн, човекот поради кој се формираше движењето #MeToo е прогласен за виновен за сексуален напад и силување. Џенифер Анистон никогаш не била дел од движењето. 

Скандалот се разви во октомври 2017 година, кога „Њујорк Тајмс“ објави приказна со која се обвинува Вајнштајн за сексуално вознемирување. Актерките Роуз Мекгован и Ешли Џад беа меѓу првите кои проговорија за ова.

Обвинувањата кон Вајнштајн доведоа до формирање на движењето #MeToo на кое се приклучија стотина жени кои сведочат дека биле сексуално вознемирувани и малтретирани од влијателни мажи од светот на бизнисот, политиката и забавата.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Зошто ме разочара Миконос и нема да се вратам таму никогаш повторно?“ „Јас можам да си дозволам да си платам квалитетна храна и пијалаци, но тоа не зн...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg