Бившиот ја оставил дека била дебела – сега е Мис Британија со минус 45kg (фото)
- Детали
- четврток, 27 февруари 2020
Нејзиниот вереник ја оставил заради тоа што била „предебела“, а девојката реши да се одмазди на добар начин – ослабе 45kg и стана Мис Британија за 2020.
Џен Аткин е 26-годишна девојка која успеала тежината да ја донесе до неверојатни 114 килограми, но за среќа успеала да се избори со дебелината и да си го врати телото и здравјето во нормална.
Таа целосно го сменила начинот на живот и веќе 2 години се храни здраво, вежба и води здрав животен стил.
Сега таа е вистинска убавица која оди на натпревари за убавина, во 2018-та ја освоија титулата Мис Англија, па направила кратка пауза откако се омажила, а сега решила да се проба уште еднаш да ја претставува Велика Британија.
„Навистина е шок. Пред три години никогаш не би помислила дека ќе победам на Мис Велика Британија. Напорната работа навистина се исплати. Чест ми е што ќе бидам 75-та Мис Британија, што ќе ја претставувам нашата земја.“ – споделува Џен.
26-годишната девојка најмногу се мотивирала да ослабе откако раскинала сериозна врска со момче кое ја нарекувало премногу дебела и ја оставило, а потоа таа се плашела дека нема да најде никој друг.
„Денот кога тој замина, мислев дека светот ми се сруши – плачев со недели и јадев за утеха.“
Долго време се мачела да си најде соодветна облека, па решила дека е време да почне редовно да пешачи и да оди во теретана, а сега е среќно омажена со друг човек.
Таа некој период била слободна, а нејзините пријатели зафатени со своите семејства, па имала време да се фокусира на себе, бирајќи здрав живот.
Почнала да вежба дома гледајќи YouTube видеа за HIIT тренинзи, трчала, возела велосипед до работа, а изнајмила и личен тренер во теретана за дополнителна помош.
Вели дека не брои калории, но внимава што јаде секој ден и станала експерт во подготвување и пакување здрава храна.
Диетата на Џен претходно...
Појадок: Сендвич со сланина или нешто пржено
Ручек: Брза храна
Ужина: Чоколадо
Вечера: Нешто брзо за носење, пита или чипс
Диетата на Џен сега...
Појадок: Кајгана, овесна каша или овошје и јогурт
Ужина: овошје или житарици
Ручек: Супа, салата или компир
Вечера: Пилешко или лосос со зеленчук
Сега Џен изгледа совршено и претставува инспирација за сите кои мислат дека не можат!
М. М. | Црнобело