Том Круз е „заглавен“ во хотел во Венеција заради ширењето на Корона вирусот во Италија
- Детали
- среда, 26 февруари 2020
Снимањето на Mission: Impossible 7 е откажано, но Том Круз веќе бил во Венеција кога Корона вирусот почна масовно да се шири низ Италија.
Според DailyMail, Том Круз пристигнал во Венеција на 20-ти февруари, а сега е „заглавен“ во луксузниот хотел со 5 ѕвезди Gritti Palace.
Наводно, актерот ќе биде таму до 1-ви март, додека се донесе одлука што понатаму ќе се случува со снимањето на филмот.
Одложувањето на снимањето се случило откако Италија ја потврди шестата смрт, а во земјата веќе има 325 случаи заболени од вирусот.
Инаку, модната недела во Милано не беше откажана, но дел од луѓето во публиката се појавија со заштитни маски, а Бела Хадид објави фотка со маска во авион.
https://www.instagram.com/p/B87Aps-A31k/
Иако бројките се сериозни, а паниката се шири уште помасовно, важно е сите да останат смирени и да се придржуваат до основните правила со кои колку-толку може да се заштитат од вирусот.
М. М. | Црнобело