Холивудската легенда Кирк Даглас почина на 103 години – веста ја соопшти синот Мајкл

Легендарниот актер, Кирк Даглас, во средата почина на 103-годишна возраст опкружен со најблиските – неговата сопруга и трите синови.

holivudskata-legenda-kirk-daglas-pochina-na-103-godini-vesta-ja-soopshti-sinot-majkl-1.jpg

Веста за згаснувањето на животот на Кирк, ја соопшти неговиот син, Мајкл Даглас. Во Инстаграм објава тој напиша:

„Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас нѐ напушти денес на 103-годишна возраст. За светот, тој беше легенда, актер од златното доба на филмовите, кој живееше добро во неговите златни години, хуманитарец кој постави стандарди кон кои сите ние се стремиме, благодарение на неговата посветеност.

Но за мене и моите браќа Џоел и Питер, тој беше едноставно татко, за Кетрин – прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци – нивниот сакан дедо, а за неговата сопруга Ана – прекрасен сопруг.

Кирк добро го живееше животот и остави филмско наследство кое ќе трае со генерации. Дозволете ми да завршам со зборовите кои му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистинити.

Тато – те сакам многу и горд сум што сум твој син.“

View this post on Instagram

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Сопругата на Мајкл Даглас, Кетрин Зита-Џонс, која го обожаваше Кирк, објави фотографија со него и напиша: „До мојот драг Кирк, ќе те сакам до крајот на мојот живот. Спиј цврсто.“

View this post on Instagram

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones)


Колегите и останатите познати личности се збогуваат со Кирк преку пораки на социјалните мрежи:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg