Кирк Даглас наполни 103 години – како му го честитаа роденденот најблиските?
- Детали
- вторник, 10 декември 2019
Кетрин Зита-Џонс му го честиташе роденденот на свекорот Кирк, со фотка на која тој ѝ седи во скут, а Мајкл Даглас го направи горд неговиот татко на 103-иот роденден со номинација за Златен Глобус.
Кирк Даглас вчера го прослави својот 103-ти роденден, а неговите најблиски од семејството му го честитаа со фотки на социјалните мрежи.
Сопругата на Мајкл Даглас, Кетрин Зита-Џонс објави фотка на Инстаграм на која нејзиниот свекор седи во нејзиниот скут и во описот напиша: „Дечково во мојот скут има 103 години! Среќен роденден тато! Те сакам со цело срце.“
Мајкл објави две фотки – една во која му го честита роденденот на својот татко, кој го нарекува жива легенда и уште една на која се заблагодарува за номинацијата за Златен Глобус, со што го прави Кирк горд татко на 103-иот роденден.
Внуците на Кирк, Дилан и Камерон Даглас, исто така му упатија Инстаграм честитка на нивниот дедо за 103-иот роденден.
https://www.instagram.com/p/B51thgmALHm/
По тој повод, во домот на Кирк Даглас, заедно со членовите на семејството, пристигнаа и балони со неговиот лик од младоста и интересни натписи.
М. М. | Црнобело