Кралицата Елизабета ги поддржа Хари и Меган во одлуката да бидат независни
- Детали
- вторник, 14 јануари 2020
Во понеделникот, кралицата Елизабета изјави дека таа и кралското семејство целосно ги поддржуваат Хари и Меган во желбата да започнат нов живот.
Наводно, кралицата се согласила на период на транзиција во кој Хари и Меган ќе го минуваат времето во Канада и Британија.
Интересно е што на почетокот на изјавата, кралицата не ги искористи титулите на Меган и Хари, туку им се обрати по име. Сепак, не објасни кој е нивниот следен чекор.
Кралицата додаде и дека има уште многу работа и дека треба да се донесат некои важни одлуки, кои најверојатно ќе ги сподели овие денови.
Изјавата на 93-годишната кралица беше објавена набрзо по гласините за состанокот во Sandringham, каде што присуствуваа Хари и Вилијам, како и принцот Чарлс. Се верува дека Меган, која моментално е во Канада, учествувала на состанокот преку телефон.
„Денес моето семејство имаше конструктивна дискусија за иднината на мојот внук и неговото семејство.
Моето семејство и јас целосно ја поддржуваме желбата на Хари и Меган да создадат нов живот како младо семејство. Иако повеќе би сакале да останат активни членови на кралското семејство, ја почитуваме и разбираме желбата да живеат независен живот, додека сè уште се важен дел од моето семејство.
Хари и Меган јасно изјавија дека не сакаат да зависат од парите на јавноста.
Поради тоа ќе има период на транзиција во кој војводата и војвотката од Сасекс ќе го минуваат времето во Канада и Велика Британија.
Ова се комплексни проблеми за моето семејство и треба да се работи уште, но побарав да се дојде до конечната одлука овие денови“, стои во изјавата на кралицата.
A statement from Her Majesty The Queen. https://t.co/IVSyfeojqk
-->— The Royal Family (@RoyalFamily) January 13, 2020
Спирова С. | Црнобело