„Медена земја“ и официјално со две номинации за Оскар!
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2020
И конечно се објавени номинациите за Оскари. „Медена земја“ е номиниран за „Оскар“, и тоа во две категории!
„Медена Земја“ влезе во трката за најпрестижната филмска награда со номинации во две категории - за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм!
На официјалната Фејсбук страна на Honeyland ја објавија веста со гиф и следната изјава:
МЕДЕНА ЗЕМЈА Е НОМИНИРАН ЗА ОСКАР ВО ДВЕ КАТЕГОРИИ!
Пред сѐ, би сакале да се заблагодариме на членовите на Американската Академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена Земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот.
Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат.
Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното.
Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето.
Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документарниот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот.
Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно.
Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.
Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа - МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР.
Тимот на Медена Земја
МЕДЕНА ЗЕМЈА Е НОМИНИРАН ЗА ОСКАР ВО ДВЕ КАТЕГОРИИ! Пред сѐ, би сакале да се заблагодариме на членовите на Американската Академија (AMPAS) за тоа што го вклучија „Медена Земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот. Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна - алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат. Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното. Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот. Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме. Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа - МАТЕРИЈАЛ ЗАСЛУЖЕН ЗА ОСКАР. Тимот на Медена Земја First of all, we would like to thank the members of The Academy of Motion Pictures Arts and Sciences for nominating „Honeyland“ in the race for the most prestigious film award. The woman we met purely by chance in the middle of nowhere, ended up telling a story to the world, an allegory of global significance where humanity and nature struggle to survive with one another. Hatidze and the bees are the prototype for the new genetic material, which is meant to win the battle of the titans where nature fights everything that is destructive and decadent. It brings us great joy to see that critics worldwide, as well as the members of the Academy, have recognized „Honeyland“ as the cry of the planet, which echoes in-between the frames of the film. It makes us happy that they’ve discovered the true measure of man within the greatness of the individual. The general conviction that joy hides in possession has been shaken. And this is the greatest achievement of the film. It is also the first time in the history of the Oscars that a documentary film has been nominated in two categories, which means that this is not only a success on a historical scale, but it also confirms that the documentary language is entering the era of its genuine appreciation, where it stands side by side with fictional narration, and for its reality it deserves a very special observation. It provokes sincere compassion, which is not to be forgotten after the credits roll. . It has been celebrated by festivals, moviegoers and celebrities alike. But even greater is the change we hope for. The change in each one of us, individually, towards what we long for, our true home - our nature. The film calls for modesty, and when we look at the love in the eyes of the viewers, we strongly believe that the message is recognized, and modesty is the new age, a new journey we will take on in the hope for a better tomorrow. Once again, we greatly thank the Academy members for calling „Honeyland“ “A material worthy of an Oscar” The Honeyland Team
Posted by Honeyland on Monday, January 13, 2020
Покрај „Медена Земја“, номинирани во категоријата за најдобар документарен филм се:
А, во категоријата за најдобар интернационален филм:
Кинематографот Самир Љума сподели видео од моментот кога беа објавени номинациите:
https://www.facebook.com/samir.ljuma/videos/10157582592450520/
Церемонијата на 92. издание на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари 2020 година во Холивуд – и дефинитивно ќе нè остави будни таа ноќ!
Во меѓувреме документарецот повторно се прикажува во скопските кина: од 9 јануари е на репертоарот на „Милениум“, од 13 јануари во „Кинотека“, а од 16 јануари во „Синеплекс“.
Не пропуштајте да го погледнете филмот со кој навистина треба да се гордее цела Македонија!
Е. П. | Црнобело